Исплатата на субвенциите за млекото и состојбите во поледелството беа главни теми на средбата што ја организираше Федерацијата на фармери со своето членство од Тетовско. Целта на разговорите е директно да ги слушнеме мислењата и проблемите на земјоделците, да ги спречиме проблемите пред да настанат - изјави претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски. На средбата стана збор и за придобиките од регистрацијата на земјоделската механизација. Според нашите проценки, во Тетовско има околу 3.000 трактори од кои само 200 до 300 се регистрирани. Ако се врши групно, регистрацијата е поевтина за околу 3.000 денари поради нашата претходно договорена соработка со АМСМ и другите компании во оваа сфера. Истовремено ние им помагаме на земјоделците да ја комплетираат потребната документација ако не ја поседуваат.
Исплатата на субвенциите за млекото и состојбите во поледелството беа главни теми на средбата што ја организираше Федерацијата на фармери со своето членство од Тетовско.
- Целта на разговорите е директно да ги слушнеме мислењата и проблемите на земјоделците, да ги спречиме проблемите пред да настанат - изјави претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски.
На средбата стана збор и за придобиките од регистрацијата на земјоделската механизација.
- Според нашите проценки, во Тетовско има околу 3.000 трактори од кои само 200 до 300 се регистрирани. Ако се врши групно, регистрацијата е поевтина за околу 3.000 денари поради нашата претходно договорена соработка со АМСМ и другите компании во оваа сфера. Истовремено ние им помагаме на земјоделците да ја комплетираат потребната документација ако не ја поседуваат - рече Нуредин Абдули, претседател на земјоделското здружение Блектарии од Пршовце и делегат на ФФРМ. Федерацијата досега реализира средби во повеќе региони на земјата.